Мбапе: Не можам да разберам како некој не го сакаше Меси во ПСЖ

Лео Меси по две години поминати во ПСЖ замина од главниот град на Франција и кариерата ја продолжи во Интер Мајами. Легендарниот Аргентинец немаше славно збогување со „светците“ каде беше мета на критики и незадоволство на навивачите поради новото рано отпаѓање од Лигата на Шампиони.

На темата Меси и ПСЖ сега говореше и Килијан Мбапе. Голгетерот кој имаше одлична соработка со Меси вели дека е изненаден од реакцијта на навивачите и не може да сфати како неговиот клуб дозволил да се доведе до ситуација да остане без еден од најдобрите во историјата.

„Говориме за потенцијално најдобриот фудбалер во историјата на оваа игра. Нормално дека не е добра вест кога некој како Меси ќе замине од клубот. Лично не ми е јасно зошто на голем број на луѓе им олесна кога Меси замина. Говориме за Меси. Тој заслужува почит, а не ја доби. Штета, не го разбирам тоа, меѓутоа некои работи така одат во лош правец. Клубот мора да направи се за да го надомести неговото заминување“, вели Французинот.

Се вчитува...