Мбапе: Не можам и нема да се споредувам со Кристијано Роналдо

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе вчера ја доби Златната копачка, за најдобар стрелец во светот во една сезона. Французинот постигна 31 гол минатата сезона во сите натпреварувања, и ја заслужи наградата за најмногу постигнати голови.

На новинарско прашање дали би можел да се спореди со Кристијано Роналдо, кој го носеше дресот на „кралевите“ и стана најдобар стрелец на сите времиња, Мбапе одговори:

„Не знам што да кажам на тоа прашање. Сите знаат дека Роналдо е пример во Реал Мадрид, број еден. Јас сум тука една година, тој беше девет. Не можам да се споредувам со него и со неговите достигнување, а и не сакам. Мојот пат е различен, и јас сакам да го следам мојот пат. Тоа што ме споменуваат во една реченица со Роналдо, за мене е гордост. Размислувам само да го следам мојот пат, да му помогнам на тимот да ја освои секоја можна титула“, рече Мбапе.

Се вчитува...