Мбапе: Не мрдам од Париз, единствена цел ми е да го победам Реал Мадрид

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека зимава не планира да го напушти „Паркот на принцовите“ и да премине во Реал Мадрид. Тој вели дека во моментов размислува само на тимот од Париз и дека единствена цел му е да го победи Реал Мадрид во осминафиналето, тим со кој се поврзува веќе подолго време.

„Дефинитивно останувам во Пари Сен Жермен до крајот на сезоната. Ќе направам се да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите, домашното првенство и купот. Сакам да им донесам среќа и задоволство на навивачите бидејќи тие тоа го заслужуваат. Во моментов единствена цел ми е да го победам Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите“, изјави Мбапе. 

Првиот натпревар од осминафиналната фаза меѓу Пари Сен Жермен и Реал Мадрид ќе се игра 15. февруари, додека реваншот е закажан за 9. март следната година.

Се вчитува...