Мбапе: Не останав во ПСЖ поради парите

Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе, за првпат се огласи после продолжувањето на договорот со тимот од Париз, и пропаднатиот трансфер во Реал Мадрид. Тој беше блиску до преселба на „Сантијаго Бернабе“, наводно дури имал и усмен договор, но на крајот не можеше да ја одбие „безобразната“ понуда од неговиот клуб од кој ќе заработи богатство.

Меѓутоа Мбапе кажа дека не останал поради парите, и тажен е што сите мислат дека се решил да потпише нов договор поради тоа.

„Тажен сум затоа што се зборува за парите. Никогаш не сум зборувал за парите, туку за фудбалот, титулите, важните натпревари. Луѓето може да кажат што сакаат, но јас не сум таков. Разговарав со луѓето од Реал Мадрид, со луѓето од ПСЖ и знаат дека во разговорите со Перез и со Ел Келафи никогаш не беа тема парите. Можеби со тоа се занимаваше мојот адвокат и мојата мајка, но јас не. Јас зборувам на теренот. Парите одат на моја сметка, но им посветувам малкуј внимание. Тука сум да освојувам титули, да покажам дека сум најдобар на светот и да бидам среќен“, рече Мбапе.

Исто така клучна улога во останувањето имал и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Тоа е нешто посебно, никгоаш не мислев дека ќе зборувам со таква личност поради нов договор. Неверојатно е да се разговара со него и со тие важни луѓе. На крајот одлуката беше моја, но сите ми дадоа добри совети. Останав затоа што следува нов проект, нова ера на ПСЖ и мислам дека донесов добра одлука“, изјави Мбапе.

Се вчитува...