Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ

Францускиот репрезентативен напаѓач Килијан Мбапе не сака да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и размислува да го напушти Париз во летниот преоден рок. За него Реал Мадрид подготвува рекордна понуда од 250 милиони евра плус Лука Јовиќ, а „светците“ доколку сакаат да извлечат толку пари ќе мора да го продадат, бидејќи следното лето ќе влезе во последната година од договорот.

ПСЖ му понудил неверојатни 40 милиони евра годишна плата на Мбапе за да се согласи да остане во клубот и по 2022 година, но тој го одбил раководството на францускиот првак.

Покрај „кралевите“, во игра за потписот на одличниот напаѓач на Пари Сен Жермен е и Јувентус, но проблем може да претставува неговата плата, со оглед дека завидна ставка претставуваат годишните примања на Кристијано Роналдо од 30 милиони евра.

Се вчитува...