Мбапе: Не знаев дека едно писмо може да убие

Килијан Мбапе и неговото потенцијално заминување од ПСЖ се главна тема во фудбалскиот свет. Францускиот репрезентативец стави дознаење дека нема намера да го продолжи договорот со парискиот клуб по крајот на следната сезона со што ја отвори можноста за заминување како слободен играч.

Младиот голгетер неодмана испрати писмо во кое ја образложи неговата одлука донесена на 15. јули 2022, а денеска на собирот на репрезентацијата повторно говореше на оваа тема велејќи дека не сакал никого да навреди.

„Искрено не мислев дека ќе навредам некого. Испратив писмо, точно, но не знаев дека писмо може да убие. Тоа е само писмо. Во овој момент имам само една опција – да останам во ПСЖ. Планирам да бидам тука кога ќе почне сезоната.

Немам што да објаснувам. Луѓето можат да зборат, да критикуваат. Знам што правам и зошто го правам тоа и затоа знам и што говорам. Луѓето говорат, а ги немаат сите информации. Претседателот Макрон нема да влијае на мојата одлука. Тој се надева дека ќе останам во ПСЖ, и јас сакам да останам, па ете на иста страна сме“, вели Мбапе.

Се вчитува...