Мбапе: Никогаш не е добро кога Меси си оди, во Франција не го почитуваа

После две години минати во Париз, Лионел Меси и официјално се прости од ПСЖ и кариерата ја продолжува во Интер Мајами во САД. Аргентинецот призна дека тој и неговото семејство не се среќни во главниот град на Франција.

Неговиот сега веќе поранешен соиграч Килијан Мбапе, говореше за заминувањето на Меси, иако и тој самиот е пред заминување од клубот, откако соопшти дека нема да го продолжи договорот, и дека многу веројатно ќе биде продаден ова лето.

„Зборуваме за најдобриот играч на сите времиња во историјата на фудбалот. Никогаш не се добри вестите кога Меси си оди. Не разбирам зошто на многу луѓе им олесна кога тој објави дека заминува. Зборуваме за Меси, тој мора да се почитува. Во Франција не го почитуваа како што заслужува. Штета што вака излезе, и сега ќе мораме да направием се да го замениме“, изјави Мбапе.

Се вчитува...