Мбапе од ПСЖ барал 50 милиони евра, приватен авион…

Килијан Мбапе во летото 2017 година се пресели во ПСЖ за сума од 180 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Тој во ПСЖ заработува 17.5 милиони евра по сезона, а неодамна во јавноста излегоа и интересни податоци за условите што ги поставил 19-годишниот напаѓач пред парискиот клуб.

Француските медиуми открија дека Мбапе побарал 55 милиони евра нето за пет години, а покрај парите како услов во договорот ставил и постојано користење на приватен авион. Покрај тоа, побарал и гаранција дека ќе биде најплатен играч во клубот ако ја освои „Златната топка“.

Фактот што Мбапе е се поблиску до освојување на оваа награда иако има само 19 години, може ПСЖ да го чини уште неколку дополнителни милиони. Но, факт е и дека управата на клубот се согласила на сите услови за да го донесе во своите редови талентираниот Французин.

Засега, Мбапе е исплатлива инвестиција и веќе се наметнува како еден од најдобрите фудбалери во светот. Досега има одиграно 55 натпревари за ПСЖ на кои постигна 34 гола.

Се вчитува...