Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе веќе има донесено конечна одлука за своајта иднина. Французинот не сака да има било каква врска со Пари Сен Жермен или сопствениците. Тој има договор до 1 јули, сезоната завршува во мај и оттогаш ќе биде слободен, се очекува да потпише договор со Реал Мадрид на првиот ден од преодниот рок.
Вака треба да се толкува „корпата“ кој им ја даде на домаќините на Мундијалот во Катар. Мбапе ја одби поканата на Ал Келаифи и владетелот на Доха да се појават на ждрепката за Светското првенство што ќе се одржи в петок во 18 часот во Катар.
Не сака да биде под притисок да размислува за нов договор, но и да им даде легитимитет на приказните дека се уште не е готово. Мбапе неодамна отсуствуваше на собир на париски спонзори, што беше објаснето дека е од етички причини бидејќи не сакаше да го поврзуваат со брза храна, енергетски пијалоци бидејќи е заштитно лице на кампањата против дебелината кај децата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА