Мбапе откри каде ќе ја продолжи кариерата

Еден од најдобрите млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе, откри дека и следната сезона ќе ги брани боите на францускиот шампион Пари Сен Жермен. Иако Французинот најави дека би можел да ја промени средината, сепак тој одлучи дека и во следниот период ќе остане на „Паркот на принцовите“.

Младиот Французин на твитер постави слика со новите дресови на која напиша „Ова е Париз“, со што навести дека и следната сезона ќе биде дел од проектот.

 

Се вчитува...