Мбапе откри за кого навива од детство: Мојата врска со Милан е посебна

Иако како клинец во својата соба имаше постери од Кристијано Роналдо, сепак, Реал Мадрид не е клубот за кој навивал Килијан Мбапе. Во разговор со „Газета дело Спорт“, Французинот даде интересен одговор на прашањето за кого навивал од детство.

Тој рече дека како дете мил навивач на Милан, а објасни зошто неговите симпатии се кон „росонерите“.

„Мојата врска со Милан е посебна. Како дете имав дадилка од Италија и доста време минував со нејзиното семејство. Сите навиваа за Милан. Благодарение на нив навивав за Милан и гледав многу натпревари. Ако некогаш играм во Италија, тоа ќе биде Милан. Да реков поинаку, ќе ме убијат. Шегата на страна, секако честитки за Милан за скудетото. Во тој тим играат доста пријатели, а тука е Ибрахиовиќ, легенда која ја почитувам многу“, рече Мбапе.

Тој во интервјуто призна дека сакал да си замине, но дека одлучил поинаку во последен момент со оглед дека не ја „завршил приказната“ со ПСЖ.

Се вчитува...