Мбапе отпуштен од болница, се врати во тренинг-центарот на Реал во САД

Килијан Мбапе е отпуштен од болницата во САД и повторно вечерва се врати во тренинг-центарот на Реал Мадрид за време на Светското клупско првенство, откако претходно беше хоспитализиран поради акутен гастроентеритис.

„Килијан Мбапе беше отпуштен од болница попладнево и се врати во тренинг-центарот на Реал Мадрид. Мбапе ќе продолжи со специфичен медицински третман и постепено ќе се враќа на тимските активности“ – информираа официјално од Реал Мадрид.

Првата ѕвезда на Реал Мадрид не настапи на првиот натпревар на клубот на Светското клупско првенство во САД на кој „кралевите“ ремизираа 1-1 против Ал Хилал.

Откако му беше дијагностициран акутен гастроентеритис, по извршените тестови и соодветниот лекарски третман тој е повторно вратен во базата на Реал Мадрид.

Се вчитува...