Мбапе подготвен за дуелот со Ница

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, доби радосна вест во пресрет на дуелот со Ница во францускиот шампионат. Во тимот на францускиот првак се враќа Килијан Мбапе кој се опорави од повредата која го спречи да биде дел од националниот тим на Франција на квалификациските мечеви против Исланд и против Турција.

Тухел и понатаму има многу проблеми со изостаноците на фудбалерите. Повреден е Нејмар и ќе паузира еден месец, надвор од ритам се и Тило Керер и Идриса Гај, а суспендиран е Хуан Бернат.

Се вчитува...