Мбапе: Полесно ми е да играм за Франција отколку за ПСЖ

Килијан Мбапе беше во центарот на вниманието на синоќешниот дуел меѓу Франција и Австрија, голгетерот на ПСЖ постигна убав погодок за „триколорите“, по што го пофали селекторот Дидие Дешамп за слободата што му ја дава во играта за националниот тим.

Заедно со пофалбите за Дешамп пристигнаа и критиките за стратегот на ПСЖ, Кристоф Галтие, за преголемата дисциплина во играта што овој стручњак ја бара од ѕвездите на францускиот гигант.

„Играм различно за Франција во однос на ПСЖ и можам да кажам дека ми е многу полесно кога сум на теренот со националниот тим. Го имаме Жиру како класична деветка околу која се поставува одбраната, а јас имам слобода и можам да се движам во просторот. Тоа воопшто не е случај во ПСЖ, каде морам да сум „деветка“ и тоа е тоа. Не постои слобода во играта ниту можност за експеримент во ПСЖ“, истакна Мбапе.

Се вчитува...