Мбапе пред Меси – најдобар стрелец во историјата на мундијалите

Килијан Мбаапе блесна во сиот свој сјај на овој мундијал, а со двата гола против Англија стигна до вкупно 22 погодоци, за епитетот најдобарстрелец во историјата на светските првенства.

Тој и Лео Меси уште на стартот од СП 2026 го минаа досегашниот рекордер Мирослав Клосе, за Мбапе вечерва да го симне од тронот и аргентинскиот фудбалски генијалец.

Бројките на Килијан се неверојатни, тој има 22 гола на 22 мундијалски средби, за да го урне рекордот му беа потребни само три мундијали, додека Меси игра на шестото светско првенство во кариерата.

Мбапе има десет гола на СП 2026, со што стана првиот по Герд Милер во 1970 година со девет или повеќе погодоци на еден светски шампионат.

Се вчитува...