Мбапе пред шест години бил на проба во Челси, и не ја поминал

Новото фудбалско чудо, Килијан Мбапе, пред шест години бил на проба во англискиот премиерлигаш Челси и не успеал да задоволи. Поточно, тогашните клупски скаути побарале тој уште еднаш да се врати на „Стемфорд бриџ“ и да мине низ нови тестирања, а неговата мајка тоа го одбила.

Некогашниот скаут на Челси, Даниел Бога, тврди дека Мбапе и на свои 12 години бил неверојатно талентиран.

„Го доведов заедно со семејството во Челси. Беше вешт со топката како и сега. Играше против Чарлтон и Челси победи со 7-0. После седум дена во Лондон, од канцеларијта ми рекоа дека во ценат тоа што го виделе, но дека Килијан мора да се врати на уште една проба“, вели Бога.

Но, мајката на Мбапе имала неверојатна реакција.

„Мојот син нема да се враќа овде на проба. Ако го земат, нека го сторат тоа сега или за пет години ќе дојдат кај нас да го купат за 50 милиони евра“, рекла мајката на Мбапе.

 

Се вчитува...