Мбапе призна: Сакав да си заминам за ПСЖ да добие пари за мојот наследник

Една од големите трансфер саги ова лето беше заминувањето на Килијан Мбапе од редовите на ПСЖ и негов премин во Реал Мадрид. Истата се одвиваше се до последните моменти од преодниот рок, а на крајот „светците“ одлучија да не ја прифатат богатата понуда од „кралевите“ и да го задржат Французинот во своите редови.

На оваа тема сега проговоре и Килијан Мбапе кој вели дека сакал ова лето да замине во Мадрид и неговиот став бил познат на управата на ПСЖ рано во летото.

„Сакав да заминам. Не сакав да го продолжам договорот, а сакав клубот да добие обесштета и да најде квалитетна замена. Рано и го соопштив тоа на управата. Сакав да постигнат добар договор. Им кажав и дека ќе останам ако не сакаат да си одам“, откри Мбапе кој потоа се осврна и на гласините за продолжување на договорот со ПСЖ.

„Луѓето збореа дека одбив шест или седум понуди за продолжување на договорот, дека не сакам да зборам со Леонардо, а тоа не е точно. Мојата позиција беше јасна. Кажав дека сама да си одам и го кажав тоа на време. Не ми се допаѓа тоа што говореа дека го направив тоа во последната седмица од август бидејќи изгледав како крадец. Јас го соопштив мојот став во јули“

Се вчитува...