Мбапе: Реал Мадрид? Не знам што ќе донесе иднината

Младата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, ги разгоре страстите со најновата изјава за Реал Мадрид. Тој вели дека се чувствува одлично во Париз, но не ја отфрла можноста во иднина да стане член на „кралскиот клуб“.

„Се чувствувам убаво тука во Париз. Но, во фудбалот никогаш не се знае. Имам договор до 2021 година, но не знаеме што носи иднината“, изјави Килијан Мбапе.

Реал Мадрид е силно заинтересиран за да го ангажира Мбапе и се надева дека ПСЖ ќе се одлучи за негова продажба поради проблемите со финансискиот фер-плеј.

 

Се вчитува...