Мбапе: Реал прави „финти“ за да го добие Мбапе бесплатно

Директорот на ПСЖ, Леонардо, потврди дека францускиот гигант е подготвен да го продаде Килијан Мбапе, но само под услови кои „светците“ ги сметаат за праведни при заминувањето на играчот за кого пред четири години платија 180 милиони евра.

Тој потврди дека веќе е одбиена една понуда од Реал Мадрид, но и изрази сомнеж дека станува збор за „тактика“ на „кралевите“, кои не се премногу загреани за летово да го доведат Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

„Килијан Мбапе сака да замине во Реал Мадрид, а ние немаме намера да го држиме сосила во нашиот клуб. Ја одбивме првата понуда на Реал, но ако се исполнат нашите услови, добро ќе размислиме. Да бидам искрен, сево ова ми изгледа како „финта“ на Реал, да се добие негативен одговор за нас, да кажат дека направиле се што можеле летово, па догодина да го добијат Килијан бесплатно. Она што Мбапе секогаш ни го ветуваше е дека нема да замине без никаква отштета од ПСЖ. Има време до крајот на преодниот рок до 31 август, но една работа е сигурна, нема да го продадеме Мбапе за помалку од она што му го плативме на Монако, изјави Леонардо.

Според информациите од Франција, ПСЖ го проценува извонредниот стрелец на 200 милиони евра.

Се вчитува...