Мбапе: Сакаме да победиме за Дешамп, заслужува триумф за крај

Франција сонуваше за ново мундијалско злато, полуфиналниот пораз од Шпанија се уште ги боли „триколорите“, кои сепак најдоа мотив за утрешниот дуел за третото место против Англија.

Килијан Мбапе денеска се појави пред новинарите, јасно ставајќи до знаење дека Французите ќе сторат се за да победат – во чест на селекторот Дидие Дешамп кому тоа ќе му биде последен натпревар на клупата на националниот тим.

Од претходно беше јасно дека Дешамп ќе си замине на крајот од мундијалот и дека на негово место ќе дојде Зинедин Зидан, но Мбапе најави дека фудбалерите ќе сторат се за триумфално збогување со селекторот кој е на чело на „триколорите“ уште од 2012 година.

„Дидие многу ни значи на сите нас, на фудбалерите, на францускиот народ и тоа не е променето. Како играч и како селектор испиша неверојатна приказна. Ова ќе му биде последен меч на кормилото и ние сакаме да играме за него, да победиме на последниот селекторски натпревар на Дешамп. Тој заслужува победничко збогување. Нашите навивачи исто така заслужуваат да бидеме трети на светското првенство“, истакна Мбапе.

Се вчитува...