Емери открива: Мбапе сакаше во Реал, но ПСЖ не го пушти

Килијан Мбапе предизвика бура со изјавата дека би можел да замине во друг клуб каде би презел поголема одговорност. Екс-тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, обелодени дека Мбапе и минатото лето сакал да си замине од „Паркот на принцовите“, но дека бил спречен од управата.

„Мбапе сонува да игра за Реал Мадрид, тоа е вистината. Имаше и варијанта за преселба во Барселона, но ја одби бидејќи негов став беше ако си замине од ПСЖ, тоа да биде во Реал. Не ни беше лесно, во еден момент сите моравме да притискаме за да се откаже од намерата и да остане во Париз“ – изјави Емери за француските медиуми.

Ситуацијата не е променета ниту летово, Мбапе очигледно повторно сонува за преселба на „Бернабеу“, но не е променет ниту ставот на ПСЖ – големиот бисер на францускиот фудбал не е достапен за трансфер.

Се вчитува...