Мбапе се договори со Реал Мадрид – потпис вреден 500 милиони евра!

Долгата трансфер-сага се чини конечно е пред завршница, по последните информации кои велат дека Килијан Мбапе конечно ја прифатил понудата на Реал Мадрид и на крајот од оваа сезона ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Германскиот весник „Билд“ ја објави оваа информација повикувајќи се на извори блиски до голгетерот, кој ги договорил сите детали со претседателот Флорентино Перез и од јули 2024 година ќе го облече дресот на најтрофејниот европски клуб.

Целиот „пакет“ вреди повеќе од 500 милиони евра, сума што Реал ќе ја исплати за да го има Килијан Мбапе во своите редови. Французинот ќе потпише четиригодишен договор за плата од 70 милиони евра по сезона, а договорено е и бонусот за самиот потпис како слободен играч да изнесува 120 милиони евра, пари што ќе му бидат исплаќани на неколку рати во сезоните кои ќе ги мине во дресот на Реал Мадрид.

Покрај тоа, мајката на Килијан Мбапе која ја има улогата на агент, ќе заработи неверојатни 100 милиони евра за својата улога за овој мегатрансфер.

За целиот расплет се веќе информирани и челниците на ПСЖ. Францускиот клуб нема да добие ниту евро бидејќи Мбапе ќе си замине како слободен играч, но какод ел од договорот меѓу Мбапе и Ал Келаифи, голгетерот се откажал од бонусот за лојалност од 80 милиони евра што му следел бидејќи ја завршува сезоната 2023/24 во дресот на „светците“.

Се вчитува...