Мбапе: Се лаже тој што мисли дека лесно ќе победиме во Белград

ПСЖ со триумфот над Ливерпул направи голем чекор напред кон осминафиналето од ЛШ, но за печат на пласманот во следната рунда неопходна ќе биде победа во последното коло, на гостувањето во Белград против Црвена звезда. Иако „светците“ на хартија важат за големи фаворити, Килијан Мбапе предупредува дека воопшто нема да биде лесно да се слави на преполната„Маракана“.

Се лаже секој оној што мисли дека лесно ќе победиме во Белград. Тоа е замка за фаворити, да не заборавиме дека никој нема победено таму оваа есен. Црвена звезда лесно ја победивме во Париз, но истото го сторија и Наполи и Ливерпул, па не победија таму, јасно е дека овој тим игра многу подобро на домашен терен отколку на гостувањата. Затоа, не треба воопшто да размислуваме за мечот Ливерпул -Наполи, туку да се фокусираме само на нашата игра, бидејќи само со максимален ангажман можеме да дојдеме до триумф“ – истакна Мбапе.

Наполи моментно е лидер во групата Ц со девет бода, еден помалку има ПСЖ, додека Ливерпул освои шест бода во досегашниот дел од ова натпреварување.

Се вчитува...