Мбапе се огласи по трансферот на Дембеле

Усман Дембеле од денеска и официјално е нов фудбалер на ПСЖ каде пристигнува од редовите на Барселона во трансфер вреден нешто повеќе од 50 милиони евра. Ангажманот на 26-годишникот го поздравија повеќе легенди на „светците“, а меѓу нив се огласи и Килијан Мбапе.

И покрај тоа што е на излезните врати од „Паркот на Принцевите“, и ПСЖ му ја затвори вратата за настап во сезоната 2023/24 доколку не потпише нов договор за продолжување на соработката и по крајот на сезоната, младиот голгетер му посака добредојде на соиграчот од репрезентацијата на Франција.

„Добредојде дома брату. Пресреќен сум што си тука. Авантурата започнува“, напиша Мбапе на стори на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Се вчитува...