Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, кој има договор до јуни, повторно внесе надеж кај челниците дека може да остане на „Паркот на принцовите“. 23-годишниот фудбалер кој според одредени шпекулации треба да направи трансфер во Реал Мадрид, деновиве даде примамлива изјава за медиумите.
Мбапе има нова мисија со тимот на „светците“, а тоа е да влезе во историјата на ПСЖ како најдобар голгетер.
„Ќе видиме што ќе се случи. Во моментов пред мене е само Кавани со најмногу голови со тимот на ПСЖ. Шансата да станам најдобар голгетер во историјата на клубот е нешто што не можам да го игнорирам“, изјави напаѓачот.
Мбапе досега има постигнато 156 гола за ПСЖ и се израмни на второто место со Златан Ибрахимовиќ. Сепак, заостанува 44 гола зад Кавани кој има точно 200 за парижаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА