Мбапе се врати, па со хет-трик ги поздрави и Тухел и Монако

ПСЖ триумфално ја прослави новата шампионска титула, откако вечерва славеше со 3-1 над тимот на Монако во првиот натпревар како старо-нов првак на францускиот фудбал.

Во главна улога беше Килијан Мбапе, кој го пропушти последниот меч на „светците“ поради конфликт со тренерот Тухел, но вечерва со хет-трик го поздрави овој стратег, како и неговиот поранешен клуб од малото кнежевство.

Воедно, Мбапе со трите погодоци испиша историја и стана првиот играч што на 20-годишна возраст успеал да ја достигне бројката од 30 погодоци во една натпреварувачка сезона од францускиот шампионат.

Се вчитува...