Мбапе сепак не е најбрз фудбалер во светот

Килијан Мбапе сепак не е најбрз фудбалер на денешницата. Рекордер е фудбалерот на англискиот Блекбурн, Тајлер Меглоер.

Ѕвездата на Пари Сен Жермен трчаше 10,55 метри во секунда во победата над Монако од 3-1, а рекордот на Меглоер е 10,60 метри во секунда. „Никој не може да го победи во трка“, изјави менаџерот на Блекбурн Тони Моубреј, под чие водство 20. годишникот дебитираше минатиот месец.

Меглоер во англискиот тим е од девет години, но поради тешката повреда на лигаментите на коленото малку недостигаше да ја заврши кариерата.

Се вчитува...