Мбапе со хет-трик го носи ПСЖ во осминафиналето од Купот на Франција (ВИДЕО)

ПСЖ со рутинска победа против Ван обезбеди пласман во следната фаза од осминафиналето на Купот на Франција. „Светците“ успеаа да го сркшат отпорот на домаќинот во 29. минута преку Преснел Кимпембе, а со оваа минимална предност се замина и на полувреме.

Во вториот дел, Килијан Мбае уште еднаш блесна и целосно ги загасна надежите на фудбалерите на Ван за било какво изненадување. Французинот најпрвин беше прецизен во 59. минура, а потоа ја затресе мрежата и во 71. и 77. минута за конечни 4-0.

На овој меч не играше големата ѕвезда на францускиот гигант, Лионел Меси, кој доби позитивен тест на коронавирус. Покрај Аргентинецот заразени се уште Хуан Бернат, Серхио Рико и Нејтан Битумезала. Сите се во изолација и надвор од тренажен процес со соиграчите најмалку десет дена.

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1478104231634784256/pu/vid/1280×720/G_nPL88PG69yf9Su.mp4?tag=12

 

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1478119217392140291/pu/vid/1280×720/YlSF0uoKRvVhxKzG.mp4?tag=12

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1478119217392140291/pu/vid/1280×720/YlSF0uoKRvVhxKzG.mp4?tag=12

Се вчитува...