ПСЖ потешко од очекувањата со пресврт во второто полувреме дојде до победа од 1-3 на гостувањето против Гингамп во 2. коло од францускиот шампионат.
Играч на натпреварот беше младиот Килијан Мбапе кој влезе во игра на почетокот на вториот дел. Прво Нејмар од пенал во 53. минута израмни на 1-1, по што на сцена стапи Мбапе. Во 82 минута на асистенција на Ди Марија стрелаше за водство од 2-1, а во 90 минута со прекрасен гол стави точка на триумфот за перфектни два од два на стартот на нозата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА