Мбапе: Титулата ништо не менува, не можам да кажам ништо за иднината

Килијан Мбапе се очекува ова лето да ги промени боите на ПСЖ со оние на Реал Мадрид, а единственото нешто што може да го спречи во остварување на сонот се парите на „светците“. Имено, францускиот клуб со вистинско богатство се обидува да го задржи младиот фудбалер во своите редови, но дали ќе успее во истото останува да видиме.

Напаѓачот по освоената титула со ПСЖ во Ла Лига изјави дека новиот трофеј нема да има улога во одлуката, а и дека сеуште нема одлучено дали ќе замине од „Паркот на Принцевите“.

„Освоивме нова титула, но истата ништо не менува. Во овој момент не можам да кажам ништо за иднината“, кратко изјави Французинот по натпреварот со Ленс.

Договорот на Мбаше и ПСЖ истекува за два месеца по што може како слободен играч да ја промени средината.

Се вчитува...