Мбапе: Тоа што се случи вечерва, нема да влијае на мојата иднина

Херојот на ПСЖ, Килијан Мбапе во изјава после натпреварот со Реал Мадрид, кажа дека голот и случувањата нема да влијаат на неговата иднина и дека и натаму не одлучил каде ќе игра во иднина.

„Среќни сме. Одигравме добар натпревар кој беше многу важен. Го држевме ритамот на игра. Сигурен сум дека сега сите зборуваат за мене. Имаме добра предност, но уште ништо не е завршено. Знаеме што не чека во Мадрид, на еден од најдобрите стадиони во светот. Ќе дадеме се од себе да одиме во следната фаза. Тоа беше важен гол, а јас играм во еден од најдобрите тимови. Не сум одлучил за мојата иднина. Тоа што се случи вечерва, нема да влијае на мојата иднина“, рече Мбапе.

Многу веќе го гледаат Мбапе во дресот на Реал Мадрид идната сезона, и тоа му создава еден вид притисок на Французинот, со кој вечерва се справи одлично и го реши победникот.

Се вчитува...