Мбапе влезе во историјата на францускиот фудбал

На натпреварот со Гибралтар, Килијан Мбапе постигна гол и со тоа искористи нов влез во историјата на францускиот фудбал. Во квалификацискиот натпревар, Мбапе со постигнатиот гол израмни рекорд стар 65 години.

Тој се однесува на бројот на голови кој еден француски играч ги постигнал во една иста сезона. Неговиот гол кој беше 39. за националниот тим, беше 53-ти во оваа сезона и со тоа го израмни рекордот на легндарниот Жуст Фонтен од 1958 година, кога Фонтен постигна рекордни 13 голови на Светското првенство.

Со титулата најдобар стрелец на Мундијалот оваа сезона се закити и Мбапе кој постигна осум гола, а вкупно за репрезентацијата сезонава постигна 12. Во понеделник има шанса дури и да го надмине овој рекорд, ако погоди против Грција во квалификациите за ЕП 2024.

Се вчитува...