Мбапе во 91. минута донесе победа на ПСЖ против Брест (ВИДЕО)

Килијан Мбапе донесе победа на ПСЖ на гостуањето во Брест и тоа со гол во последните мигови од мечот. ПСЖ беше на прагот на нов срам, откако Брест имаше 1:1, меѓутоа една грешка и брзината на Мбапе на крајот беа доволни за три бода на фаворитот.

Солер во 37. минута донесе водство за ПСЖ и ги постави работите во посакуван правец за лидерот на табелата. Меѓутоа Хонорат успеа да израмни во 43. минута и да му создаде големи главоболки на Кристоф Галтие.

Сепак, Меси во 91. минута додава до Мбапе, кој истрча пеесетина метри, го мина и голманот и погоди во празната мрежа за голем триумф за ПСЖ и рехабилитација за елиминацијата од ЛШ.

Се вчитува...