Дури и Мбапе „забележува“: Цените на фудбалерите се „непристојно“ високи!

Младиот француски фудбалер, Килијан Мбапе, смета дека баснословните суми што ги плаќаат клубовите за играчите се претерани  и „непристојно“ високи.

Мбапе е еден од најскапите фудбалери во историјата. ПСЖ за 19 годишниот француски напаѓач плати 180 милиони евра, а рекордер во оваа сфера е Нејмар кој се пресели од Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра.

Тоа е навистина „непристојно“, барем за мене кој доаѓам од скромно семејство. Но, пазарот е таков, цените растат и тоа не може да го смените“ – забележува Килијан Мбапе.

Тој истакнува дека во кариерата не сака да биде копија на другите, туку сака да оди напред по свој пат.

„Не сакам да бидам копија, сакам да имам своја приказна. Мислам дека за секој спортист е добро да има голема доза на самопочитување. Не ги слушајте оние што се сомневаат во вас, секогаш верувајте во своите соништа и не дозволувајте да ве убедат дека некои работи се невозможни“ – вели францускиот фудбалер.

Но, спротивно на овие „разумни“ изјави на младиот фудбалер, неодамна француските медиуми открија дека освен платата од 17,5 милиони евра по сезона и дополнителите бонуси, Мбапе сакал и малку повеќе луксуз па од ПСЖ побарал и 55 милиони евра нето за пет години и постојано користење на приватен авион.

Се вчитува...