Мбапе застана во одбрана на Геј, ПСЖ објави видео од повредата на Французинот (ВИДЕО)

Идриса Геј е човекот кој случајно го повреди Килијан Мбапе на денешниот тренинг на ПСЖ. Напаѓачот сега е неизвесен за настап на реванш дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Несовесни навивачи на францускиот клуб веднаш го нападнаа Сенегалецот на социјалните мрежи. Фудбалерот од средниот ред добивал разни закани и навреди, па морал да ги блокира пораките и коментарите на сите свои профили.

Веднаш откако дознал за навредите, Мбапе се огласи на социјалните мрежи и објави фотографија со Геј.

„Сите заедно, секогаш. Ова е Париз“, напиша Мбапе на фотографијата со својот соиграч.

Очигледно е дека младиот Французин не го обвинува својот соиграч за она што се случи на тренингот. Стартот беше случаен, а засега не е јасно дали тој ќе биде фит за настап во среда на „Сантијаго Бернабеу“.

 

 

 

Се вчитува...