Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, вели дека научил шпански јазик уште од првиот ден по пристигнувањето на Пиринејскиот полуостров и дека денеска не се двоуми да го зборува јазикот на земјата каде што игра фудбал.
Францускиот ас пристигна во Реал Мадрид во летото 2024 година и од првиот ден се обиде да зборува шпански. За ова, доби пофалби од шпанските медиуми.
„За мене е нормално. Тоа е знак на почит. Кога ќе дојдете некаде, обидете се да го зборувате јазикот на таа земја. Ние во Франција сме среќни кога луѓето учат француски. Очекуваме луѓето да го зборуваат нашиот јазик. Само што кога ќе стигнете некаде, ве чека поинаква култура… Тоа е поинаква земја, тие имаат свој јазик, имаат свои правила, имаат свои обичаи“, изјави Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

