Мбела го засили Силекс

Францускиот интернационалец Емануел Мбела потпиша двегодишен договор со Силекс и ќе ја засили навалната линија на кратовскиот прволигаш. Тој минатата сезона беше член на Шкупи и прикажа солидни игри за тимот од Чаир.

Ова е второ засилување за Силекс за новата сезона. Претходно и левиот бек на Пелистер, Филип Миленковски, пристигна во редовите на составот од Кратово.

Се вчитува...