Мбела и Бопесу пред трансфер во Ренова

Француските интернационалци на „печалба“ во Македонија, Емануел Мбела и Жоел Бопесу се пред трансфер во редовите на Ренова.

И двајцата фудбалери се желба на „гипсарите“ во желбата на шефот на стручниот штаб, Никола Илиевски – Џиџи за засилување на составот за пролетниот дел од сезоната.

Камерунецот со француски пасош, Емануел Мбела ја заврши соработката со кратовски Силекс, па сега е пред потпишување договор со Ренова. Мбела претходно беше дел и од Шкупи, а има настапи и за албанскиот Билиш Балш.

Левиот бек Жоел Бопесу, пак, е пред заминување од таборот на Работнички, а раководството на тетовскиот клуб има желба да го види во своите редови. Бопесу дојде меѓу „романтичарите“ на почетокот на сезоната од составот на Скопје, кој испадна од елитната конкуренција.

Се вчитува...