Ме викаа српски убиец – Се надевам дека Ковид-19 ќе не направи подобри и помалку себични

Легендарниот српски кошаркар и моментално тренер на италијанската Болоња, Александар Ѓорѓевиќ смета дека коронавирусот ќе ги научи луѓето повеќе позитивно да гледаат на светот во иднина. Тој вели дека во моментов не е важно ништо во животот, освен здравјето на луѓето.

„Мислам дека по кризата сите ние ќе бидеме подобри и помалку себични. Би било убава ако во салите има повеќе аплауз од навреди. Како кошаркар трпев масивно малтретирање од јавноста, што дополнително ми ги правеше потешки, тешките моменти кои ги преживуваше мојата земја во тој период. Се случуваше цела сала да ми пее „Српски убиец“, наместо да навива за својот клуб“, изјави Ѓорѓевиќ. 

Кошаркарската лига на Италија официјално е прекината поради пандемијата од Ковид-19 и таа нема да се одигра, а пред суспензијата Болоња беше убедливо прва на првенствената табела.

Се вчитува...