Меч каков не памети историјата: „Големата“ Барса доби 8 „парчиња“ од Баерн (ВИДЕО)

„Големата“ Барселона посрамотена како никогаш досега во историјата на Лигата на шампионите. Во четвртфиналето од ЛШ во Лисабон, Барселона во супер-пресметката доживеа вистински дебакл губејќи со неверојатни 2-8 од Баерн Минхен.

Бруката на Барселона беше најавена по само 30 минути игра во кои Баерн Минхен обезбеди предност од 1-4.

Откако во 4. минута Милер донесе предност за Германците, а Алаба во 7. минута со автогол донесе израмнување за Барселона, потоа следеше „канонада“ кон голот на каталонскиот тим.

Потоа, во 28. минута Гнабри зголеми на 3-1, а во 31. минута Милер со својот втор гол веќе носи предност и од 4-1…


Во второто полувреме, Суарез во 57. минута намали за Барселона носејќи малку надеж, но потоа Баерн со головите на Кимих во 63. минута, Левандовски во 82. минута и Кутињо во 85. и во 89. минута, го заокружи срамот на каталонскиот тим за конечни 2-8.

Се вчитува...