Меч на кариерата: Томовски со 17 одбрани во Бундес-лигата

Мартин Томовски го одигра својот најдобар меч во кариерата предводејќи го Лудвигсхафен до победа на гостувањето против Ерланген (19-24). Македонскиот голман бранеше фантастично, успевајќи да собере вкупно 17 интервенции, со што беше најзаслужен за триумфот со кој Лудвигсхафен си ги зголеми минималните шанси за опстанок во елитното германско ракометно друштво.

Томовски од самиот почеток покажа дека е во топ-форма, дозволувајќи им на домашните ракометари да постигнат само осум гола во првото полувреме (8-12). Македонскиот репрезнтативец продолжи во сличен ритам и во вториот дел, предводејќи го својот тим до значајни бодови.

Само за потсетување, ова се последните натпревари на Томовски во Бундес-лигата бидејќи македонскиот репрезентативец веќе го договори својот камбек во мак-ракометот, во редовите на шампионот Вардар.

Победите на македонските репрезентативци во Бундес-лигата ги комплетираше Филип Кузмановски, кој со Хановер триумфираше на гостувањето против Лемго (24-26), меч на кој македонскиот бек постигна три погодоци.

Се вчитува...