Меч на животот за Блејк Грифин во феноменалната победа на Детроит… (ВИДЕО)

Детроит, Њу Орлеанс и Денвер триумфираа во трите синоќешни натпревари од НБА лигата.

Најнеизвесно беше во Детроит каде Пистонси по продолжение славеа против Филаделфија со 133-132. Херој во победата беше феноменалниот Блејк Грифин кој одигра меч на животот стигнувајќи до најдобиот учинок во досегашната своја кариера.

Грифин дуелот го заврши со 50 поени (20/35 од игра), а дополнето и со 14 скока и осум асистенции. Токму неговото положување и слободно фрлање на секунда пред крајот донесоа и победа за домаќинот.

Залудни кај Филаделфија беа и оние 33поени на Џоел Ембид и 30-те поени на Џејџеј Редик.

Њу Орлеанс дојде до третата победа во новата сезона (3-0). Славеа на свој паркет против ЛА Клиперс со 116-109, а повторно фантастичен беше Ентони Дејвис со 34 поени и 13 скока.

Денвер очекувано лесно го совлада Сакраменто со 126-112. Нагетси имаат одличен почеток на сезоната со четири победи од исто толку натпревари.

Се вчитува...