Меч за историја на Столе Стоилов на ЕП

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Стојанче Стоилов испиша историја на синоќешниот дуел со Словенија, откако големиот борец во репрезентативниот дрес стана играч со најмногу настапи за Македонија на европските шампионати.

Стоилов во пресрет на ова ЕП имаше ист број на натпревари како и Дејан Манасков и Борко Ристовски (по 28), но со синоќешниот настап се искачи на врвот на оваа листа. Селекторот Кире Лазаров остана на 27 натпревари на европскиет шампионати, зад него е Филип Миркуловски со 26, па Ацо Јоноски со 25.

Кога станува збор за стрелците, тука Лазаров е неприкосновен со 182 погодоци за Македонија на натпреварите од европските првенства, пред Манасков со 94 и Стоилов кој со вчерашните два стигна до бројката од 83 гола на ЕП.

Се вчитува...