Мечот Балкани – Динамо Загреб под истрага поради наводно местење?

Натпреварот помеѓу Балкани од Косово и Динамо Загреб од Хрватска, во рамките од групната фаза во Лигата на Конференции, одигран оваа сезона, е под истрага поради наводно местење. Мечот заврши со победа на косовскиот тим од 2-0.

Хрватски „Индекс“ пренесува дека тоа го кажала Лаурета Улај, во име на обвинителството во Приштина.

„Потврдувам дека по ова прашање се преземени сите правни процеси“, изјавила Улај.

Дуелот го доби Балкани со 2-0, иако според обложувалниците Динамо беше голем фаворит. Истражните органи сега ќе утврдуваат дали бил мечот чист.

Инаку во Македонија вчера полицијата од ФФМ побарала документи во врска со наместени натпревари во Македонија од страна на неколку прволигаши и второлигаши.

 

Се вчитува...