Мечот Фенербахче – Вардар по цена од 8 до 70 евра, ќе суди Полјакот Стефански

Реванш натпреварот од плеј-оф квалификациското коло за Лигата на Европа, меѓу Фенербахче и Вардар на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул ќе се може да живо да се следи по цена од 8 до 70 евра.

Од турскиот клуб ги пуштија вчера билетите за натпреварот, чии цени се движат од 8, 25, 30, 40, 50 и 70 евра, со тоа што издвоен е одреден број билети по цена од 100 за централната ВИП ложа.

Капацитетот на арената „Шукру Сарачоглу“ изнесува околу 50.509 седишта, а според најавите се очекува да биде речиси целосно исполнет, со околу 45.000 навивачи.

Натпреварот во Истанбул ќе го суди Полјакот Даниел Стефански, а ќе му помагаат сонародниците Марчин Бонјек и Давид Игор Голиш. Дуелот меѓу Фенербахче и македонскиот шампион стартува од 19:30 часот.

Утре „вардарци“ патуваат за Истанбул. Тренерот Чедомир Јаневски официјалната прес-конференција пред мечот ќе ја одржи во 18:30 часот, а последниот тренинг Вардар на „Шукру Сарачоглу“ ќе го одработи од 19 часот.

Се вчитува...