Мечот Валенсија – Реал Мадрид под знак прашалник поради поплавите во Шпанија во кои загинаа над 50 лица

Постои сериозен ризик дуелот во Ла Лига во сабота навечер помеѓу Валенсија и Реал Мадрид да не се одигра и да се одложи. Во регионот на Валенсија во моментов беснее невреме , кое до 10:30 часот утринава однесе животи на најмалку 51 лице, соопштија властите во Шпанија.

Веќе вчера метеоролошката агенција АЕМЕТ прогласи црвен аларм за тревога во источниот дел на Валенсија, додека пожарникарите спасуваа затрупани во поплавите поради невремето.

Во врска со ова, фудбалскиот клуб веќе официјално побара од Шпанската фудбалска федерација да го одложи натпреварот од Копа дел Реј против Парла Ескуела, кој вечерва е во Мадрид. Издадена е препорака да не се патува, поради што тимот од „Местаља“ не сака да ризикува.

Со оглед на тоа што прогнозите во областа укажуваат на повеќе дождови – вклучително и во петок и сабота – многу е веројатно дека ќе се разговара и за одложување на битката со Реал Мадрид. Шампионот и другите клубови во земјава веќе изразија сочувство за трагедијата.

Се вчитува...