Македонските мечувалци Петар Дамјановски и Огнен Бундалевски забележаа успешен старт и се пласираа во следната рунда. Двајцата македонски претставници утринава извојуваа по две победи во групната фаза. Тоа беше доволно за место во елиминациите.
Дамјановски во својата група славеше против Даниеле Фофана и Чади Ел Чемали од Либан со идентични 5-3. Тој претрпе два порази од Махмуд Монсшен (5-2) и Мигел Фразо (5-3). Негов следен противник во првата елиминациска рунда ќе биде Артемос Цованис од Грција.
Бундалевски исто така запиша два триумфи во групата. Тој ги совлада Али Таб со 5-3 и Панајотис Тодорополус со убедливи 5-1. Македонскиот борец изгуби од Ведран Мароката (5-2), Енрико Пијати (5-2) и Мохамед Елсајде (5-3). Во директните елиминации Бундалевски ќе ги одмери силите токму против Италијанецот Пијати, што ќе биде шанса за реванш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
