Медал во таеквондо за Македонија: Дејан Георгиевски освои сребро во Тарагона

Натпреварувачот во таекводно, Дејан Горгиевски, донесе нов медал за Македонија на Медитеранските игри во Тарагона. Тој се искачи на втората позиција на пиедесталот и се закити со сребрено одличје.

Георгиевски не успеа да ја добие финалната борба. Загуби од Шпанецот Даниел Рос, кој се покажа како подобар противник и го совлада нашиот претставник со 24-9.

На патот до финалето, Дејан Георгиевски ги совлада Французинот Јоан Мианг (19-18), Словенецот Иван Трајковиќ, со златен поен, како и Италијанецот Матео Милани (23-14).

Се вчитува...