Медалите од Кире Лазаров – Металург стигна и до пионерската круна

Металург ја потврди доминацијата на младинската ракометна сцена откако тимот од Автокоманда по кадетската денеска ја освои и пионерската круна во македонскиот шампионат.

Завршниот турнир во пионерска конкуренција се одржа во Струга, каде „металурзите“ за домаќин го имаа домаќинот КЛ7 Струга, совладувајќи го со 20-21.

Мотив повеќе за младите ракометари беше присуството на големиот ас Кире Лазаров, кој на свечената церемонија им ги подели шампионските медали на новите прваци на Македонија.

Се вчитува...