Меџик Џонсон: Гледав омраза во очите на Џордан…, постојано повторуваше дека Кукоч нема да може да дише

Хрватската кошаркарска легенда Тони Кукоч конечно, по четири епизоди, дојде на ред во документарниот филм „Последниот танц“ за легендарната генерација на Чикаго булс.

Во петтата епизода од серијалот на ЕСПН, запоставената хрватска ѕвезда зборуваше за жестокото „добредојде“ кое му го приредија Мајкл Џордан и Скоти Пипен на Олимписките игри во Барселона, една година пред неговото доаѓање во Чикаго.

Кукоч немал поим дека толку го презираат што пред мечот меѓу Дрим-тимот и Хрватска во групната фаза од ЛОИ 1992, Џордан и Пипен се расправале меѓу себе кој ќе го чува. Кукоч заврши така што двајцата го „убија“ оставајќи го на четири поени и шут од поле 2/11.

„Одиграв тогаш лош меч. Не очекував таква жестока одбрана на мене и дека стално ќе ме прати еден играч, и тоа Џордан. Но таа средба ја одиграв лошо и затоа што не можев да престанам да мислам на мојата сопруга која токму во тој момент во Сплит го носеше на свет нашето дете. Вториот меч со Дрим-тимот во финалето на Олимписките игри го одиграв далеку подобро постигнувајќи 16 поени и девет асистенции“ – вели Кукоч дополнувајќи со насмевка:

„Не ми е јасно зошто имаат толкава голема причина да ме мразат, а уште не ме ни познаваа. Дека Џордан и Пипен се расправале меѓу себе кој ќе ме чува го дознав по 20 години. Ми го кажаа тоа кога во 2012 се снимаше документарецот за Дрим-тимот, и им заблагодарив што го споделија тоа со мене затоа што се посветило толкаво внимание на мене“.

А, омразата на Џордан и Пипен кон Кукоч била затоа што Хрватот во НБА го носеше директорот Џери Круас кој, пак, сите тие години беше во војна со најдобриот двоец од Чикаго и плус со тренерот Фил Џексон.

„Не го мразев Тони затоа што повеќе заработуваше од мене. Ние на почетокот само поради Џери го мразевме Кукоч. Не само Мајкл туку и целиот тим. Мислевме дека тоа момче после тоа што ќе му го направиме во Барселона нема да сака да дојде во НБА. Немаше тоа ништо лично со Тони, но сакавме Џери да изгледа лошо“ – вели Пипен.

Но, Џордан во последната епизода од „Последниот танц“ објаснува дека со текот на времето омразата се претворила во љубов.

„Го обожавам Тони како личност, и го обожував како соиграч. Но начинот на кој тој дојде во мене тогаш будеше лоша енергија. Скоти и јас постојано слушавме како тоа момче е навистина добро. Затоа се договоривме да не му дадеме да дише, да го омаловажиме пред Дрим-тимот“ – вели Џордан.

А, како Меџик Џонсон ја објаснува таа лоша енергија која ја чувствувал Мајкл Џордан…

„Се возевме со автобусот во Барселона на ден на натпреварот со Хрватска, а Мајкл имаше израз на лицето каков никогаш не сум видел дотогаш. Го прашав што му е, а тој ми одговори: ‘Тони Кукоч, тој вечерва е мој. Само мој. Ќе го затворам така што нема да го види кошот. Целиот автобус замолче“ – раскажува Меџик Џонсон.

Се вчитува...